Основи на геодезија

image_pdfimage_print
  1. Присуството на наставата (предавања и вежби) е статутарна обврска на секој студент која директно не се оценува.
  2. Во текот на семестарот, индивидуално, се изработува Елаборат кој треба да биде одбранет на крајот од семестарот. Задачите како водилка за изработка на Елаборатот се задаваат во текот на аудиторните вежби. Студентот е должен навремено да го предаде Елаборатот и во исто време треба и да го одбрани пред предметните наставници. Не навременото предавање на Елаборатот повлекува санкција од недобивање потпис по конкретниот предмет.
  3. Во текот на семестарот се прават 2 колоквиуми, со максимален број од по 50 поени (2*50=100). Студентот кој ќе освои вкупно 75 поени од двата колоквиуми се ослободува од писмениот дел на испитот.
  4. Услов за добивање потпис по предметот (услов за излегување на завршниот испит) е да се соберат најмалку 30% според точките 2 и 3.
  5. Писмениот се оценува со поени од 0 до 10 и учествува со 40% во формирањето на завршната оценка по предметот.
  6. Усниот испит е задолжителен.
  7. Табела за добивање завршна оценка по предметот

 

Оценка 6 7 8 9 10
Вкупно поени 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100